Педагошка служба

Педагошката служба е орган во состав на Министерството за образование и наука која се состои од еден сектор и три одделенија. Со работите на органот во состав раководи директор.

На 27 декември 2024 година е донесен Законот за учебници за основното и средното образование. Со ова нашата држава по цели 16 години доби ново законско решение во делот на обезбедување на основното наставно средство – учебникот.

Главни поенти на овој закон се враќањето на учебникарството кај издавачите, можност за обезбедување на електронски и дигитални учебници со што се следат трендовите на модерното дигитално време во кое живееме, но и адаптирање на учебниците за потребите на учениците со попречености со што Министерството за образование и наука покажува дека секој ученик е подеднакво важен за системот.

Со Законот за учебници за основно и средно образование се носи и регулира и постапката за бесплатни учебници за учениците од основното и средното образование. Постапувајќи согласно одредбите од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/2025) Педагошката служба води каталог на одобрени учебници, а истите согласно уредба на Владата на Република Северна Македонија ќе добијат и каталошка цена пресметана по јавно достапна формула.

Педагошката служба се залага за воведување нови, повисоки и европски стандарди во изготвувањето на учебниците и унапредување на учебникарската дејност во Република Северна Македонија. Воведувањето напредни техники и примена на нови научни методи во изготвување на учебниците,придонесува за поквалитетен воспитно-образовен процес во училиштата во Република Македонија. Педагошката служба е ефикасна и стручна административна служба во функција на обезбедување на неопходните учебници за редовно функционирање на училиштата

Директор Роберт Аџипетров